Деспотовски: Направивме целосен пресврт во економската политика со фокус на домашните компании

Овде гледаме дека се работи за конкретни резултати од конкретни мерки. Она што ме радува е дека покрај ефектите за економијата проектите кои имаат финансиска поддршка од Фондот имаат и друга додадена вредност.

Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски беше во посетата на компанијата “Нетам“ во рамки на кампањата “Создаваме успешни приказни“ која Фондот ја стартуваше со цел презентација на резултатите и ефектите од финансиската поддршка на домашните компании преку своите инструменти.

Оваа текстилна компанија од с.Марино во близина на Скопје, работи на спроведување на проектот „Изработка на изолациони градежни материјали од текстилен отпад“ преку кој се собира, рециклира и преработува текстилниот отпад и се изработуваат производи како изолациони панели, ролни, геотекстил и други изолациски материјали кои потоа се употребуваат во градежништвото. Преку иновативниот пристап на преработка и пренамена на отпадот со овој проект се намалуваат и количините на текстилен отпад кој завршува на депониите со што се дава значителен придонес кон зачувувањето на животната средина заради неговата неразградливост и штетните последици од негово согорување или складирање.

– Овде гледаме дека се работи за конкретни резултати од конкретни мерки. Она што ме радува е дека покрај ефектите за економијата проектите кои имаат финансиска поддршка од Фондот имаат и друга додадена вредност. Проектот на Нетам е пример како може еден горлив проблем, како овој со отпадот, да добие додадена еколошка вредност и е доказ дека вложувањето и поддршката на домашните компании, преку инструментите на Фондот создава успешни приказни и проекти. Ако ги сумираме резултатите од изминативе две и пол години навистина можеме да зборуваме за пресврт. Оваа компанија е една од 314 кои се финансирани преку инструментите на Фондот со што значително е зголемен опфатот на поддржани домашни. Ако во 2017 година во портфолиото на Фондот имаше само триесетина компании со вкупна поддршка од околу 1 милион евра, во моментов зборуваме за проекти се со вредност од 57 милиони евра, што значи дека поддршката од ФИТР кон компаниите е зголемена за над 50 пати,“ изјави Деспотовски.

Прочитајте и...  Силен земјотрес го стресе Мексико

“Нетам“ воведе нова производна линија која е дело на развојниот тим компанијата, со примена на иновативен пристап во процесот на преработка на текстилниот отпад и производтво на нови производи наменети за продажба на домашниот и странските пазари.

– Станува збор за проект со вкупна вредност од 120.000 евра од кои 30 % се наш влог, а останатите 70% се поддршка од Фондот. Нашата главна цел беше да најдеме начин за рециклирање на отпадот кој се јавува од нашето производство. Само кај нас минимум 15 % од производството отпаѓа на отпаден материјал, кој е непогоден за понатамошна нормална употреба што претставува голем проблем и за нашата фабрика, но е и општествено значаен проблем. Морам да потенцирам дека немаше да успееме да го реализираме ова без поддршката од ФИТР. Нашиот производ треба да биде биде замена на изолационите материјали коишто се користат и се увезуваат од надвор. Реализацијата на овој проект ни е мотивација да работиме на развој и на други производи од текстилен отпад, но верувам дека ќе поттикнеме развој на еколошката свест при работењето и кај други компании“, изјави Драган Коцевски, директор на “Нетам“.

Прочитајте и...  Самоопределување бара оставка за косовската амбасадорка во САД заради ширење лажни вести

Инаку компанијата „Нетам“ која сега брои над 50 вработени, преку овој проект отвори и нови работни места со просечна плата над 30% во дејноста.

– После две и пол години водење силна и одговорна економска политика, граѓаните почнаа да ги чувствуваат придобивките и тоа преку зголемените плати, преку намалените трошоци, преку мерките за поврат на средства и преку помошта која ја обезбедивме за домашните компании. Како потврда на тоа се бројките кои велат дека само во третиот квартал на 2019 година невработеноста е намалена на рекордно ниски 17,1%, а направивме и економски пресврт: БДП од минус 1,8 за две и пол години достигна просечна вредност од 3,6%. Направивме целосен пресврт во економската политика со фокус на домашните компании,“ нагласи Деспотовски.

Прочитајте и...  Нападнати службениците кои ја вршеле заплената на тутун и цигари во Тетово

Прочитај повеќе

Обвинети седум лица за „камионот на смртта“ во кој загинаа 39 виетнамски мигранти

Слободен печат

Додик: Ситуацијата во БиХ е најтешка од времето на Дејтонскиот мировен договор

Слободен печат

Петровска: Со печат за продолжување на важноста може да се реши проблемот со пасошите

Слободен печат

Вредноста на американскиот долар нагло порасна поради коронавирусот

Слободен печат

Петровска: Чулев избрзува, создава уште поголем хаос во јавноста

Слободен печат

Шпанија ќе ги ограничи рекламните огласи за обложување преку Интернет

Слободен печат

Остави Коментар

единаесет − 4 =

Прочитај повеќе

Страшен верски култ се развива паралелно со коронаворусот во Јужна Кореја

Слободен печат

Гутереш бара крај на кошмарот во Идлиб, реагираат и други државници

Слободен печат

УНХЦР: Грција да реагира на шокантните и недостојни услови во кои живеат мигрантите

Слободен печат

Aктивисти на „Fridays For Future“ од Скопје беа задржани од полицијата во Министерството за животна средина (ФОТО)

В. Т.

Километарски турски воен конвој пристигнува во Сирија (ВИДЕО)

Слободен печат

Пендаровски: Партизацијата во институциите е на недозволено високо ниво

Слободен печат