Деспотовски: Имаме рекорден број на апликанти

На денешната средба со новинарите директорот на Фонодт за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски рече дека до нив се доставени рекорден број апликации, 487 или два до три пати повеќе од лани се доставени на повикот за комерцијализација на иновации, а оваа бројка на апликации се однесува само за еден инструмент за разлика од лани кога беше вкупна за четири инструменти.

Ова е прв јавен повик што го реализираше Владата заедно со Светска банка со комбинирани средства. Досега програмите беа одвоени. До 2017 година беа исклучиво од Светска банка, а од лани стартувавме со план од економски раст кој го реализираше Владата, потсети Деспотовски.

Вкупниот планиран обем на инвестиции од инструментот за комерцијализација што ги доставија фирмите беше околу 105 милиони евра. Од нив 70 беа побарувани од Фондот, а 35 милиони од сопствено кофинансирање на компаниите. Во процесот на евалуација, бројките се менуваат, согласно препораките за реструктуирање на буџетите што ги дава Комитетот и намалување на одредени ставки.

– Во моментов, во просек, од целото наше портфолио од 40-тина милиони евра, односот на кофинансирање е 55:45. Тоа значи дека речиси за секое евро што го дава државата компаниите вложуваат свое евро, потенцира директорот на Фондот.

Директорот потенцираше дека по извршените филтри избрани се 30 компании кои ќе добијат средства во висина од 5.000.000 евра, а како што вели Деспотовски очекуваат со новиот ребаланс на Буџетот да добијат сума од 12.500.000 евра, па така бројот се очекува да се зголеми од сегашните 30 на 75-80 компании.

– Во последниот повик јавен повик за комерцализација на иновации, беа пријавени рекорден број апликации, значи 487 компании поднесоа инвестициски планови до ФИРТ. Низ фазите како што следеа, административна проверка, фазата на пред селекција каде што беа ангажирани скоро 100 надворешни стручни лица кои направија проценка на пристигнатите апликации и низ работата на Комитетот за одобрување на инвестиции кој што направија пред-селекција, па така веќе имаме првични бројки. Така денеска доставување известување за 30 компании кои што се одобрени во рамки на средствата кои што се на располагање за овој повик, а тоа се 5 милиони евра. Сепак веќе од наша страна до Владата доставивме барање за проширување на износот на средства, а се со цел да се излез во пресрет на поголем број апликанти, кои во принцип се домашни компании и имаат доставено квалитетни проекти. Јас очекува доколку Владата го одобри нашето барање очекуваме бројката да се зголеми на 75-80 компании – ни изјави Директорот Деспотовски.

Тој потенцираше дека Комитетот за одобрување на инвестиции ги има разгледано сите инвестициски планови, дека денеска ќе достават препорака до 137 компании кои имаат добар бизнис план, но Комитетот смета дека соодвестуваат за некој друг инструмент кој го реализира Фондот. Тоа што сакаат да го направат од нивна страна е доставување на дообјаснување за истите да ре-аплицираат на соодветниот повик. За нив ќе биде овозможено евентуално ре-аплицирање и директно да бидат разгледувани од самиот Комитет и да не ја поминуваат целата постапка од почеток, туку директно да дојдат на разгледување и одлучување пред самиот Комитет. Па поради тоа доставивме иницијатива до Владата поради големиот број на вакви апликанти и со тоа да се зголеми бројот компании кои ќе добијат средства

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот