Деспотовски: Добар сигнал е тоа што инфлацијата нема да оди над десет отсто

Скоро имаше податок за годишна инфлација од април до април, која изнесуваше од 10,5%. Тоа беше загрижувачки податок, но денешните податоци дека очекувањата за инфлацијата нема да надмине двоцифрена бројка се позитивен сигнал, вели директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Сепак, тој посочува дека не треба да се опуштиме и да кажеме дека е готова работата.

-Не е бројка за која треба да очајуваме, но треба да ја задржиме. Треба да го продолжиме сето она на што бевме ангажирани во изминатиот период за овие 8,8% да ги задржиме, со цел да одиме надолу, рече Деспотовски во емисијата „24 анализа“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот