Деспотовски: Да продолжиме во ист ритам, на победа и против Романија

Фото: facebook/Одбојкарска федерација на Македонија

Македонската одбојкарска машка сениорска репрезентација е веќе во Галаци каде што в сабота ќе ја брка втората победа во Европската сребрена лига.

Потсетување дека во првото коло од групата „Б“ избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ триумфираа над Босна и Херцеговина со 3:0.

Со нови бодови од Галаци „црвено-жолтите“ ќе се најдат чекор поблиску до полуфиналето, односно учество на завршниот турнир. Романците кои на стартот беа подобри на гости кај Албанија со 1:3, ќе бидат посериозен, веројатно вистински тест за нашиот целосен капацитет.

Како што информира Одбојкарската федерација на Македонија, нашиот репрезентативец Филип Деспотовски добро ги познава сите романски репрезентативци. Тој смета дека треба да го одржиме стабилен нашиот примен и дека можеме да играме рамноправно против Романците.

Деспотовски во романското првенство помина осум сезони, од кои три во Галаци каде што беше капитен на екипата.

– Во Романија дојдовме нормално по победа. По првиот натпревар со БиХ, мора да продолжиме во ист ритам, дури и да ја подобриме играта на некој начин. Романците имаат подмладен состав, не толку млад, тие се играчи кои настапуваат во домашната лига. Имаат некое собрано искуство. Треба да го запреме коректорот Матеј, како и офанзивниот примач Ачобаницеи – вели македонскиот одбојкарски репрезентативец Деспотовски.

Мечот ќе стартува в сабота (28 мај) во Галаци со почеток од 13.00 часот по македонско време. А во истата група од 16.00 часот босанската селекција ќе ги пречека албанските одбојкари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот