Дескоска: Не сме разговарале за тоа кој ќе биде нов специјален јавен обвинител

Министерката Рената Тренеска Дескоска во интервју за „Фактор“ вели дека досега не биле водени разговори за тоа кој би бил новиот специјален јавен обвинител, како и тоа дека воопшто не било споменато името на Катица Јанева.

– Сакам да потенцирам дека во досегашните разговор воопшто не била спомената Катица Јанева, не сме разговарале кој ќе биде нов специјален јавен обвинител. Не сме оптеретени дали ќе биде Катица, дали ќе биде Фатиме, дали ќе биде Ленче или ќе биде некој трет. Немаме ниту право да бираме, бидејќи според нашиот предлог специјалниот јавен обвинител го бира Советот на јавните обвинители. Ќе видиме кој ќе конкурира, и кого ќе изберат – вели министерката Дексоска.

Таа појаснува и кај се сопнале во преговорите за СЈО.

-Очигледно е дека ова е едено од најтешките, ако не и најтешкото прашања во моментот во ресорот правда, од аспект на законодавна агенда. Ние бевме свесни од самиот почеток дека тоа ќе биде каменот на сопнување, имајќи ги во предвид личните интереси на оние кои што треба да го поддржат овој закон. Уште на почетокот на годината ние како Влада изготвивме предлог закон кој го испративме во Собранието. Тој се уште не е дистрибуиран до пратениците, во очекување да изградиме двотретинско мнозинство. Имавме сеирија на средби со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и со останатите политички партии со цел да изградиме консензус. Она што сакаме да го испратиме како порака е дека овој закон треба да се донесе со широк консензус, имајќи во предвид дека Законот за СЈО беше гласан од четирите најголеми политички партии во Собранието. Пожелно е и сега да се изгласа со широка поддршка од опозицијата и од тие причини тргнавме во дијалог – вели министерката за „Фактор“. 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот