Десното крило Радовиќ го продолжи договорот со Е. Пелистер

Мирко Радовиќ, црногорскиот ракометар на Еурофарм Пелистер/Фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

РК Е. Пелистер ја известува јавноста дека постигна согласност за нов договор со ракометарот Мирко Радовиќ. Десното крило на црногорската репрезентација и во сезоната 2021/22 ќе го носи дресот на битолскиот суперлигаш.

Обновувањето на договорот на една сезона доаѓа на обострано задоволство и клубот ќе го официјализира со церемонија во клупските простории следната недела.

30-годишниот Радовиќ веќе три сезони е во Битола, а покрај искуствата во Будуќност Подгорица и Ловќен, настапувал и во Унгарија и Франција.

Радовиќ собра 51 настап за селекцијата на Црна Гора, а се квалификува и за Европското првенство во 2022 година.

Да додадеме уште дека откажан е натпреварот на Е. Пелистер против ППД Загреб од шестото коло во СЕХА Газпром лигата, односно двете екипи ќе добијат по еден бод, со регистриран резултат 5:5.

Натрупаниот распоред во шампионатите на Македонија и Хрватска е причината за ваквата одлука на менаџментот на лигата. Е. Пелистер во август во четвртфиналето ќе се сретне со белорускиот првак Мешков Брест, а ППД Загреб го чека победникот од осминафиналето меѓу Вардар 1961 и Металопластика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот