Десничарот Моравјецки повторно има мандат за формирање на влада

Фото: EPA-EFE/Leszek Szymanski

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска доби нови мандат да формира влада откако на изборите владејачката десничарска партија Право и правда повторно освои мнозинство.

Претседателот на Полска, Андреј Дуда му го довери мандатот на Моравјецки во зградата на Претседателството.

Се очекува новата влада да биде составена од истите министри од владејачката Право и правда, а Моравјецки дека ќе посвети повеќе внимание на Европска Унија и на климатските промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот