Десничарите во Норвешка не можеа да го прифатат враќањето на учесничката во Исламска држава, се повлекоа од владата

Претседателката на Напредната партија Сив Јенсен ја соопшти одлуката по разговорите со раководството на својата партија и премиерката.

Норвешката Влада е доведена во опасност откако денеска од владејачката коалиција се повлече десничарската Напредна партија откако беше дозволено во земјата да се врати од Сирија поддржувачка на терористичката Исламска држава.

Претседателката на Напредната партија Сив Јенсен ја соопшти одлуката по разговорите со раководството на својата партија и премиерката.

Осомничената поддржувачка на ИД, жена родена во Пакистан, вратена е во Норвешка во петокот вечер, заедно со своите две деца.

– Можевме да ги примиме децата, но не и да правиме компромис со луѓе кои учествувале во терористички организации, истакна Јенсен на прес конференција.

Владата одобри репатријација на тие три лица од бегалскиот камп Ал Хол во Сирија во октомври, носејќи ја одлуката врз основа на информацијата дека петгодишното момче е многу болно.

Прочитајте и...  БРАН НА ГРИП ВО ГЕРМАНИЈА: Потврдени речиси 80.000 случаи и 130 жртви

Јенсен истакна дека нејзината партија оценува дека направила премногу компромиси и оти по шест години и два месеци излегуваат од владината коалиција.

– Јас ја внесов Напредна партија во Владата. И сега ја вадам партијата од Владата. Го правам тоа бидејќи е единственото нешто што е исправно да се направи – потенцираше таа.

Сепак, Јенсен најави дека Напредна партија ќе ја поддржува малцинската Влада.

– Немаме желба да ја менуваме премиерката. Веруваме дека Солберг е вистинската личност да ја предводи земјата, вклучувајќи го и периодот кој доаѓа – посочи Јенсен.

Тоа значи дека Солберг ќе продолжи да биде премиерка на малцинска Влада, составена од Конзервативците на Солберг, заедно со централно-десничарската Либерална партија и христијанските демократи. Тоа го потврди и премиерката на посебна прес-конференција.

Прочитајте и...  Забраната за увоз и извоз на гориво од отпад меѓу Северна Македонија и Бугарија стапува на сила од понеделник

Прочитај повеќе

Коснет: Косово е држава и тоа и ќе остане

Слободен печат

Ако вчера кренавте слушалка на странските повици, пожалете се до „Телеком“ – жртва сте на „Вангири“ измама

Грета Тунберг со пари од награда ќе основа непрофитна фондација

Слободен печат

Колевски: Законот за јавното обвинителство нуди механизам за спречување влијанија, но сепак зависи од обвинителите како ќе постапуваат

Слободен печат

Грчев: Одлуката на Владата, споменикот да биде пренамент е бесмислена

Ѓукановиќ: Нема никаква причина да се измени или повлече Законот за слобода на вероисповед

Слободен печат

Остави Коментар

14 + тринаесет =

Прочитај повеќе

Дацов: Референдум за усвојување на еврото би претставувало гласање за излез на Бугарија од ЕУ

Слободен печат

Инспекција во словенечката полиција по наводите за шпионажа на политичари и пратеници

Слободен печат

Русковска: Боки 13 не беше уапсен во библиотека, туку при бегство

Истрагата за убиствата во германскиот град Ханау се води како тероризам

Слободен печат

Спасовски: Одговорите за пасошите треба да ги барате кај Чулев

Димишков: Камчеви сакаа да ме искористат