Дескоска: Жалам што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ избега од средбата за Законот за ЈО

Министерката за правда, Рената Дескоска на својот Фејсбук профил напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избегала од разговорите.

„Навистина жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избега од разговорите. Очигледно бегањето им стана партиска определба.
Сепак, ќе биде закажана јавна расправа за законот. Па ќе видиме дали и од неа ќе избегаат.“, напиша Дескоска.

Навистина жалам што преговарачкава тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното обвинителство вчера избега од разговорите….

Publiée par Рената Дескоска sur Samedi 25 janvier 2020

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ вчера ја напуштија средбата со образложение дека бараат на разговорите да биде присутен државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот