Дескоска: Законот за амнестија стави тежок товар врз секторот-правда

Фото: Принтскрин

Во вечерашното интервју на Канал 5 Телевизија, министерката за правда, Рената Дескоска, се согласи дека Законот за амнестија за 27 април се носел во насока за гласање на уставните измени за името.

-Случајот со уставните измени е случај каде, видовме, се правеше амнестија на дел од лицата кои учествувале во 27 април, но не во насилство. Тоа е посебен, специфичен случај, закон кој се правеше во насока на уставните измени и јас како човек, како министер и како професор сметам дека Законот за амнестија стави тежок товар врз секторот-правда. Тој закон и чекорите кои се преземаа беа чекори кои се преземаа во насока за уставните амандмани. А, ние како Министерството за правда не учествувавме на никаков начин, рече Дескоска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот