Дескоска: Владата донесе државничка одлука

Потребна ни е сплотеност, соработка, трезвеност и разум, напиша на својот Фејсбук профил министерката за правда Рената Дескоска.

Владата денеска ја донесе најтешката одлука од своето постоење, а тоа е одлуката да побара прогласување на вонредна состојба. Прогласувањето на вонредна состојба е државничка одлука за која нѝ е потребна сплотеност, соработка, трезвеност и разум, напиша на својот фејсбук-профил министерката за правда Рената Дескоска.

Дескоска додава дека ширењето на вирусот и неговите последици по здравјето доведоа до одлука за барање за прогласување на вонредна состојба како единствен начин кој овозможува ефикасни инструмети за превземање мерки за заштита на јавното здравје и животот на граѓаните.

Таа посочува дека носењето на одлука за прогласување на вонредна состојба е потребно пред се заради добивање можност за ефикасно регулирање на одредени прашања кои треба да помогнат полесно да се надмине епидемијата и последиците кои таа ги предизвикува, пред се врз економскиот живот во земјата.

Вонредната состојба овозможува и ограничување на одредени човекови права, напиша Дескоска.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот