Дескоска: Ви фали уште вашиот лидер Мицкоски, за да биде транспарентот целосен

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Требаше да ја извадите честитката од вашиот лидер, Христијан Мицкоски кој честиташе една година од основање на 1ТВ, да ви биде целосна фотографијата, рече од собраниската говорница актуелната министерка за правда Рената Дескоска.

Откако не му беше дозоволено на пратеникот Антонио Милошоски да пушти „бомба“ за Заев од говорницата, ја обвини министерката за правда Рената Дескоска дека со законот за ЈО го штити Зоран Заев.

На ова Дескоска му одговори дека тоа што пред некој ден го пуштил во Собрание, не било „бомба“, туку само една обична петарда. Дескоска дополни дека цело време ВМРО-ДПМНЕ го опструира законот.

-Ова ви беше добар блеф, бидејќи минатиот пат пуштивте снимка без никакво значење, без никава вредност, но она што го гледаме сите е вашиот страв, вашата паника, вашата жеба да го опструирате Законот за ЈО- рече Дескоска.

Милошоски со љубовен транспарент среде собраниска говорница (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот