Дескоска: Тоа што не добивме датум за преговори, не значи дека реформите застанаа

Фото: МИА

Министерката за правда Рената Дескоска денеска имаше средба со еврокомесарката за правда, потрошувачи и родова еднаквост Вера Јурова, на која се разговараше за реформските процеси што се одвиваат во земјава.

Како што соопшти Министерството за правда, на средбата Дескоска изрази жалење за недонесувањето одлука за отворање на преговорите со Република Македонија и покрај тоа што препораките на ЕУ беа исполнети.

Дескоска потенцираше дека сепак, таквата одлука не го стопираше процесот на реформи, кој пред се се одвива поради интересот на граѓаните.

Министерката за правда, како што се наведува во соопштението, искажа очекување дека ЕУ ќе ја преиспита својата одлука за отворање на преговорите, и напомена дека тоа ќе биде одлука со која ќе го приближи Западен Балкан кон ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот