Дескоска: Со ВМРО-ДПМНЕ на јавна дебата не можете никогаш да го предвидите однесувањето

При креирањето на законот, нагласи Десковска, се дебатира околу трансферирањето на надлежностите, а не на предметите.

Во моментов се дебатира околу трет текст за законот за јавно обвинителство, а клучниот камен на сопнување со ВМРО-ДПМНЕ е нивното барање да се отстрани надлежноста за гонење кивични дела почнати од СЈО, рече министерката за правда Рената Дескоска во вечерашното гостување на „Топ тема”.

При креирањето на законот, нагласи Десковска, се дебатира околу трансферирањето на надлежностите, а не на предметите.

-Во текстот, сé што било надлежност останува на судот да одлучува. Всушност, ја префрламе топката за законитост на постапување или за користење докази на судовите. Но, и ова не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ. Ме плаши дека сакаат да се затворат одредени прашања, да се напише дали одредени докази важат или не и тука не можеме да најдеме заедничка точка. Лошо е со закон да прекинуваме некои постапки или истраги, истакна министерката.

Проблемот всушност се врти, додаде, околу тоа дали законот ќе обезбеди континуитет на предметите или ќе наложи нивно запирање.

-Не мислам дека изборот на обвинител е клучниот проблем. Внимателно го слушав Мицковски на последната прес-конференција. Првите осум забелешки што ги кажа не се нешто многу страшно, нешто што прави расцеп. Клучната разлика е во деветата забелешка со која се бара да се отстрани надлежноста за гонење кивични дела почнати од СЈО, потенцира Дескоска.

Текстот за кој, според Десковска, СДСМ нема никаков проблем со коалицискиот партнер, предвидува зголемен број на обвинители, на конкурс да може да се јави секој обвинител што исполнува услови, а Советот на јавни обвинители да ги избира.

Во врска со утрешната јавна дебата за законот во Собранието, Десковска рече дека очекува конструктивни мислења и предлози од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а не повторување ставови и кочење на носењето на законот.

– Но, ќе видиме. Со ВМРО-ДПМНЕ на јавна дебата не можете никогаш да го предвидите однесувањето, рече министерката Десковска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот