Дескоска: Одредбите кои не носат целосно воспоставување на правда нема да бидат ставени во Законот

Фото: МИА

Дескоска очекува позитивна оценка за судството во Извештајот на ЕК

Министерката за правда Рената Дескоска очекува позитивна оценка за судството во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, иако политичките партии не успеаа да постигнат договор за Законот за јавно обвинителство со кој требаше да се реши статусот на Специјалното јавно обвинителство.

– Нашите позиции се принципиелни. Одредби кои нема да значат целосно воспоставување на правдата во нашата држава нема да дозволиме да бидат ставени во Законот. Се прават напори за преиспитување на ставовите кај сите пратеници во Парламентот околу нивната искрена заложба за поддршка на евроинтегративните процеси, но и за поддршка на владеење на право и правдата. Кај сите нив стои одговорноста дали ќе понудат принципиелно решение од кое ние немаме намера да отстапиме или ќе го дадат, односно нема да го дадат својот глас и ќе блокираат, изјави Дескоска пред почетокот на денешната конференција за „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор” .

Додаде дека двете страни имале формални и неформални комуникации, но оти со месеци нема никакви значајни резултати.

На прашање во врска со Законот за попис што беше усвоен на последната владина седница, Дескоска рече дека веднаш се изготвуваат тие одлуки и дека веднаш ќе биде испратен во Собранието.

– На денешната прес-конференција, директорот на Заводот за статистика подетално да ги образложи решенијата. Законот е правен во однос на принципите на професионалност. Значи принципите треба да дадат објективи стручни резултати кои ќе бидат прифатени од страна на сите… Така што од тој аспект очекувам поддршка од сите во Парламентот – рече министерката за правда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот