Дескоска: Очекувам законот за ЈО да се донесе пред распуштањето на парламентот

Очекувам конструктивна јавна расправа и очекувам законот за јавно обвинителство да се изгласа пред распуштање на Собранието, вели министерката за правда, Рената Дескоска за „Утрински брифинг“ на „Слободен печат“.

– Главната забелешка на ВМРО-ДПМНЕ е членот кој се однесува на случаите поврзани со таканаречените бомби, но одговорност мора да има. Одговорноста е главното барање на меѓународната јавност, токму затоа и е потребен овој закон – вели Дескоска.

Министерката рече дека се надева дека ќе биде обезбедено потребното мнозинство, но и дека очекува опозицијата да постапи разумно, секој поинаков исход би значел политичко самоубиство на ВМРО ДПМНЕ.

Прашана дали нејзината партија е подготвена да ги помести црвените линии само за да се донесе законот, Дескоска рече дека тоа не е можно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот