Дескоска номинирана за македонски претставник во Венецијанската комисија

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Министерката Рената Дескоска вечерва на својот Фејсбук профил, објави статус, во кој стои дека Владата ја номинирала за македонски претставник, односно за член на Венецијанската комисија.

Дескоска на социјалните мрежи изрази надеж дека по истекувањето на мандатот на актуелниот член на Венецијанската комисија, ќе се обиде да придонесе за „целосно хармонизирање на нашето законодавство со европското“.

„Се надевам дека од јануари, по истекот на мандатот на постојниот член на Венецијанската комисија, ќе можам да придонесам за целосно хармонизирање на нашето законодавство со европското. Земјите кои често праќаат закони на мислење до Венецијанската комисија, избираат да номинираат за свои претставници министри, заменици министри или државни секретари, доколку истите ги исполнуваат условите, заради подиректна соработка со комисијата и целосна и искрена размена на ставови. Таков е примерот на Црна Гора која за свои претставници ги има министрите за правда и за надворешни работи, Србија чиј претставник е заменик министерот за правда, Романија, Унгарија… Секако, во моментов одлуката на Владата е само номинација…“, напиша министерката на Фејсбук.

Фото: МИА

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот