Дескоска: Ниту волјата на лидерите не смее да се стави над Уставот на нашата држава

Ако не се продолжи вонредната состојба, во тој случај изборите неминово паѓаат дваесет и два ден по завршувањето на вонредната состојба, порача Дескоска.

Според Уставот, изборите мора да се одржат дваесет и два дена по завршувањето на вонредната состојба, изјави вечерва министерката за правда Рената Дескоска во интервју за Канал 5, во кое ја елаборираше за владината уредба која се однесува на изборите.

Според министерката Дескоска, изборните дејствија се веќе започнати од страна на институциите, значи се преземени чекори за подготовка на изборите – истите се паузирани поради вонредната состојба, а продолжуваат онаму каде што застанале веднаш по завршувањето на вонредната состојба.

-Уредбата беше со цел да запрат изборните дејствија коишто беа почнати во времето кога веќе се прогласи вонредна состојба. Сите се сеќавате дека имаше прва лидерска средба на која се даде задача на експертите да размислуваат и да разговаат околу можностите за прекинување на изборните дејствија. Со оглед на тоа што не се свика Собранието единствено можно правно решение за прекин на изборните дејстивја е носењето на оваа уредба – што значи прекинување на тие дејствија коишто беа преземени, нивна правна валидност, а потоа по завршување на вонредната состојба тие ќе продолжат, истакна министерката Дескоска.

Прочитајте и...  МВР: 126 лица не ја почитувале забраната за движење во полициски час

Таа рече дека истото е прифатено и усвоено во заклучокот на Државната изборна комисија, потпишан од претседателот Деркоски, во којшто се вели дека „по завршувањето на вонредната состојба, ДИК ќе донесе ревидиран роковник во којшто ќе бидат предвидени оние дејствија коишто не биле преземени пред прогласувањето на вонредната состојба”.

-Мојата порака е: Лидерите може да разговараат за одредени рокови или термини за избори, но тие термини мора да бидат во рамките на Уставот, со почитување на уставните одредби, бидејќи никој, ниту волјата на лидерите не смее да се стави над Уставот на нашата држава. Ако не се продолжи вонредната состојба, во тој случај изборите неминово паѓаат дваесет и два ден по завршувањето на вонредната состојба, порача Дескоска.

Прочитајте и...  Вработените во Еурокомпозит протестираат и прашуваат зошто ги нема во владините мерки за помош

Според Дескоска, лидерите на политичките партии мора да бидат свесни дека во процесот на договарање на датум за избори, тие треба да ја земат предвид и волјата на претседателот да прогласи повторно вонредна состојба ако не се оди сега на избори, заради тоа што секој договор мора да биде во рамки на Уставот.

-Никој не може да се договара надвор од Уставот – од таа причина очекувам дека ќе имаат свест дека ние како држава не можеме да живееме долго време во вонредна состојба. Кога се прогласува вонредна состојба, мора да имате јасно утврдени причини за прогласување на вонредна состојба, а тоа значи да ги образложите. На крајот кога ќе заврши вонредната состојба, ние реферираме пред Советот на Европа образложувајќи ги причините зошто сме прогласиле вонредна состојба и мерките коишто се преземени. Навистина би било неодржливо во ситуација кога немате парламент, имате техничка влада, да живеете со месеци во вонредна состојба – тоа е нешто што во демократските земји е проблематично, рече Дескоска.

Прочитајте и...  Италијанската полиција уапси 10 припадници на мафијата „Ндрангета“

Потенцира дека една од главните препораки на Советот на Европа е дека во вонредна состојба треба да постои демократски надзор од страна на парламентот.

-Така што ако сакаме да зборуваме за пракса којашто постои во демократските земји – првата можност којашто ќе се отвори за организирање на избори мора да биде искористена со цел да ги вратиме во полн капацитет институтциите и да се овозможи нормално функционирање и поголеми можности за справување со кризата, истакна Дескоска.

Прочитај повеќе

Димитров ќе земе учество на конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Слободен печат

„Излегувај надвор“- Жена без маска грубо избркана од маркет од купувачите (ВИДЕО)

Слободен печат

Венецуела со авиони ловци ги штити петте иранските танкери

Слободен печат

Еваристе Ндајишимије избран за претседател на Бурунди

Слободен печат

Филипче: Само со придржување до мерките може постепено да се враќаме во нормала, алтернатива на тоа е строга рестрикција

Слободен печат

Италијанската полиција уапси 10 припадници на мафијата „Ндрангета“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Расте бројот на деца кои живеат во сиромаштија – ќе се зголеми на 672 милиони

Слободен печат

Кофинансирани грантови за технолошки развој за надминување на последиците од КОВИД-19

Слободен печат

Бугарите атакуваат и на српскиот јазик: Во времето кога се формирал српскиот јазик Бугарите не беа Словени

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија иако имаше ригорозни мерки не се справи со вирусот

Слободен печат

Гренел: САД подготвуваат нови санкции за Северен поток -2

МИА Агенција

Финансиска поддршка за април и мај ќе добијат филмските работници и тие што останале без работа

Слободен печат