Дескоска: Не треба да има дилеми дали ќе се имплементираат препораките од Венецијанската комисија

Министерката за правда Рената Дескоска вели дека не треба да има дилеми за спроведување на препораките од Венецијанската комисија, но тоа ќе биде сторено откако Комисијата ќе го даде своето официјалното мислење.

-Мислам дека не треба да има никакви дилеми или дебати дали ќе се имплементираат или нема да се имплементираат препораките. Со самото тоа што сите сме се согласиле да испратиме цел закон плус неусвоениот член на Венецијанска комисија сме се согласиле дека препораките ќе ги земеме сериозно, ќе ги разгледаме и ќе ги имплементираме, рече Дескоска.

Премиерот Зоран Заев потврди дека Владата побара одложување на конечното мислење на Венецијанската комисија во врска со Законот за употреба, за да имаат време да ги анализираат забелешките на Комисијата изнесени во драфт верзијата и да одговорат на нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот