Дескоска-Бернс: Во моментот се наоѓаме во многу сензитивна ситуација со Законот со Јавното обвинителство

Министерката за правда Рената Дескоска денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мари Бернс, соопшти Министерството за правда.

Министерката Дескоска ѝ посака добредојде и успешен мандат на амбасадорката Бернс и изрази благодарност за досегашната соработка и поддршка која Република Северна Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави.

Во поглед на реформската агенда на Министерството за правда, Дескоска ја информираше амбасадорката Бернс за досегашните активности и одблизу ја запозна со донесените закони, но и со клучниот предизвик што претстои на патот на интеграција на државата во Европската Унија.

Дескоска, како што стои во соопштението, истакна дека во моментот се наоѓаме во многу сензитивна ситуација со Законот со Јавното обвинителство, кој наредната седмица ќе биде испратен во собраниска процедура, и дека овој закон претставува клучен предизвик во работата на Министерството за правда.

Амбасадорката Бернс ја пренесе поддршката на САД во процесот на градење силни и независни институции базирани на принципот на владеење на правото, заштитата на човековите права и  борбата против корупцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот