Десетти Куп трофеј за МЗТ Скопје

Во МЗТ Скопје се револтирани од односот на Федерацијата/ Скопје, Македонија/ фото: КФСМ

Кошаркарите на МЗТ Скопје триумфираа во кошаркарскиот Куп на Македонија кој од годинава го носи името на легендарниот Благоја Георгиевски – Буштур. За „металците“ ова е десетти Куп трофеј во клупската историја со што се израмнија со големиот ривал Работнички кого во финалето го совладаа со 77:69.
Ова беше седма пресметка помеѓу вечните ривали во финалето на Купот на Македонија и сега поуспешен е тимот на МЗТ Скопје кој води со 4:3 во директните дуели во финалето против Работнички.

МЗТ Скопје подобро го отвори натпреварот, поведе со 4:0, а во петтата минута веќе имаа осум поени предност (13:5), за двоцифрена предност да имаат во осмата минута (20:10).
Во втората четвртина, кошаркарите на Работнички се обидуваа да ја вратат резултатската неизвесност, се приближија на минус пет во 13 минута (26:21), но МЗТ Скопје преку Крстевски и Гравет постигна пет поени и повторно дојде до двоцифрена предност. Првото полуврме заврши со предност на МЗТ Скопје од 37:28.

Во второто полувреме, кошаркарите на Работнички одиграа далеку подобро иако постојано ја бркаа предноста на големиот ривал. Уште на стартот од третата четвртина со петте поени на Мулалиќ, Работнички дојде до минус четири (37:33) и ја врати неизвесноста во натпреварот. Но, „металците“ со тројките на Магдевски и Гравет како и забивањето на Олуџоби направија серија од 8:0 и се одлепија на 51:39. Одговорот на Работнички дојде во финишот од третата четвртина и тоа со серија од 7:0 за негатива од само четири поени (55:51).

Последната четвртина помина во идентична игра како и во претходните три, играчите на Работнички постојано ја бркаа негативата и на секоја серија на МЗТ Скопје, одговааа со своја со што во последните 150 секунди резултатот беше 67:63. Тогаш Дамјан Стојановски погоди тројка , по што Ефремовски одговори со иста мерка, за во последната минута повторно Стојановски од инијата за слободни фрлања да за запечати победата на МЗТ Скопје и да му го донесе десеттиот куп трофеј.
Дамјан Стојановски со 19 поени беше најпрецизен кај МЗТ Скопје, 16 поени даде Крстевски а по 13 постигнаа Гравет и Олуџоби додека на спротивната страна Аска беше најпрецизен со 20 поени и 12 скокови беше најзабележителен кај Работнички.

ФОТО: КФСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот