Десетици илјади протестираа поради високите кирии во германските градови

фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Десетици илјади луѓе вчера излегоа во Берлин, во знак на протест поради постојаните зголемувања на кириите и недостигот од станови во германските градови.

На настанот присуствуваа „повеќе од 10.000 луѓе“, според податоците на полицијата, а според организаторите, бројката изнесувала 40.000 лица.

Протестантите поминаа низ неколку населби, каде што жителите беа принудени да ги напуштат своите станови поради високите кирии.

Демонстрантите носеа постери со слогани како „Имањето дом е фундаментално право“.

фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Помали демонстрации имаше и во Минхен, Келн и Дрезден. Организаторите на протестите рекоа дека имало настани во вкупно 19 градови со вкупно 55.000 учесници.

Во Берлин, организаторите почнаа да собираат потписи за референдум за експропријација на компаниите за недвижнини. Иницијаторите сакаат државата да преземе мерки против компании со над 3.000 домови.

Во случај на приватните компании, во 2013 година становите беа поскапи од општиниските во просек за 70 центи по метар квадратен, а во 2017 година тие беа 1.30 евра поскапи од општинските, според податоците на германскиот Институт за економија.

Според проценките на локалните власти во Берлин, купувањето на приватни станови ќе ја чини веќе задолжената покраина над 30 милијарди евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот