Десетина вработени во гевгелиските градинки заболени од коронавирусот

Фото: Архива

Повторниот налет на коронавирусот во Гевгелија не ги одмина ниту вработените во ЈОУ ,,Детска радост” во чии клонови низ општината има десетина воспитувачки и негувателки заболени од кови д-19, потврди денеска директорката на установата, Елизабета Стојменова.

– Поради ситуацијата во моментот згрижуваме 500 дечиња, меѓу кои за среќа немаме заболено ниту едно дете, но поради почитување на здравствените протоколи не сме во можност да им излеземе во пресрет на сите барања од родителите. Со помош на општината најдовме соодветни замени за заболените така што воспитниот процес продолжи да тече без никаков застој, рече Стојменова.

Посочи дека минатата година во периодот на пандемијата кога градинките беа затворени, биле вложени повеќе од пет милиони денари сопствени средства за подобрување на условите за престој на децата и вработените во централната градинка во Гевгелија и нејзините пет клонови во општината. Покрај тоа, нагласи Стојменова, успеавме да отвориме оддел за јасли во Миравци и да ја доградиме градинката во село Прдејци за која се очекува согласност за доекипирање и згрижување на 20 дечиња.

Годинава се очекува ветената подршка од Министерството за труд и социјална политика, со која ќе се прошират сместувачките капацитети во градинката „Сончогледи“ за згрижување на уште стотина деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот