Десетина вагони излизгани на пругата кај Куманово - Слободен печат
Хроника

Десетина вагони излизгани на пругата кај Куманово

Од полицијата информираат дека вагоните излетале помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Романовце, во близина на патниот премин кај село Черкези.

Повеќе од десетина вагони од товарниот воз што сообраќал на релација железничка станица Куманово-Романовце излетале од шините во близина на селото Черкези, кумановско, утрово во 1:50 часот, информираше во соопштение Министерството за внатрешни работи.
Нема повредени лица, причинета е материјална штета, а поради несреќата железничкиот сообраќај  е во прекин.  Вагоните се превртени на едната страна, производите од метал кои тежат повеќе тони се наоѓаат покрај шините. Одронати камења сведочат за несреќата.
Од полицијата информираат дека вагоните излетале помеѓу железничката станица Куманово и железничката станица Романовце, во близина на патниот премин кај село Черкези.
– Неколку вагони од товарен воз кој сообраќал на релација железничка станица Табановце- железничка станица Трубарево, управуван од Ј.М. од Скопје, излетале од пругата. Повредени лица нема и била причинета само материјална штета. Увид извршила увидна екипа од СВР Куманово – наведуваат од МВР.
Жителите на Черкезе велат дека е избегната поголема несреќа бидејќи во тој период немало пешаци во близина на преминот на локалниот пат кој води до селото. Жител на селото ја посочуваше пукнатината во потпорниот ѕид пред неговата куќа настаната од ударот на превезуваната стока во ѕидот, укажувајќи дека овој ѕид го спасил од поголема несреќа и поголема материјална штета кои можеле да се случат, доколку големото тркало од метал удрило во куќата, која се наоѓа во близина на пругата.

МЖ Транспорт претходно соопшти дека поради излизгувањето на вагоните  железничкиот сообраќај на релација Скопје – Куманово (Табановци)и во обратен правец  ќе биде во прекин во следните неколку денови.

– Вработени од МЖ Транспорт и Инфраструктура се излезени на терен и интензивно работат на отстранување на дефектот. Поради тоа, ги информираме сите патници кои ја користат меѓународната линија Белград – Солун и обратно, ќе бидат превезувани со автобус од Скопје до Табановци и обратно, согласно важечкиот возен ред. Локалните патнички возови кон и од Куманово (Табановци) нема да сообраќаат во перидот се до отстранување на дефектот – соопшти МЖ Транспорт. 

На сите патници и деловни коминтенти им се извинуваат поради непријатностите. Во тек е истрага за утврдување на причините за несреќата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close