Десетина компании развиваат вакцини против ковид во форма на назален спреј

Вакцинација против коронавирусот во Њујорк, САД
Вакцинација против коронавирусот во Њујорк, САД / Фото: EPA-EFE/Peter Foley

Најмалку девет лаборатории и компании во светот во моментов развиваат вакцини против ковид, кои се даваат во форма на спрејови за нос, наместо инјекции, покажуваат најновите податоци на Светската здравствена организација.

Покрај тоа што се помалку непријатни од боцкањето со игла, овие вакцини би можеле да бидат поефикасни од инјекциите во запирање на коронавирусот онаму каде прво влегува во телото, а со спречувањето вирусот да се размножува во нашиот нос и грло, назалните вакцини би можеле да бидат подобри во спречувањето на трансмисијата на вирусот од човек на човек, јавува Гласот на Америка. Ова е особено важно со оглед на ширењето на варијантата омикрон.

Повеќето од овие вакцини се во рана или средна фаза на тестирање, така што не е јасно кога и дали ќе се стават во употреба.

Голем дел експерти посочуваат дека назалните вакцини би можеле да бидат одлична засилувачка доза.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот