Десетина демонстрантки уапсени на протестите во Минск (ФОТО)

Фото: EPA-EFE/STR

Десетина демонстрантки беа уапсени денеска на протестот во Минск на кого повторно бараа оставка од претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, пренесува Бета.рс.

Стотина жени протестираа денеска во центарот на Минск, продолжувајќи го бранот на демонстрации против Лукашенко, започнати после претседателските избори на 9 август.

Организацијата за заштита на човечки права Вијасна соопшти дека полицијата го блокирала центарот на Минск и уапсила повеќе од 80 демонстрантки, пренесува Асошиејтед прес.

Фото: EPA-EFE/STR

Полицијата бркала некои од уапсените по блиските згради, каде тие пробале да се сокријат, наведува Вијасна.

Белорусија е погодена од политичка криза од претседателските избори, кога низ земјата почнаа масовни антивладини протести, предизвикани од официјалните резултати на гласањето според кои Лукашенко освоил повеќе од 80 отсто од гласовите.

И покрај настојувањето на власта да ги задушат протестите со апсења и репресија над демонстрантите и активистите, нема знак дека демонстрациите се ближат до крајот.

Фото: EPA-EFE/STR

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот