Десетици мигранти успеаја да се пробијат низ оградата од бодликава жица во шпанска енклава во Северна Африка

Мигранти / Фото: mia.mk

Десетици мигранти упаднаа во шпанската енклава Мелила во Северна Африка, искачувајќи се на високата ограда од бодликава жица, која ја дели од Мароко, соопштија локалните власти. Повеќе од 150 мигранти се обиделе да ја преминат граничната ограда околу шест часот наутро по локално време, а 59 лица успеале во својата намера, се наведува во соопштението на централната влада на Шпанија. Тројца полицајци и двајца мигранти се полесно повредени во инцидентот.

Мигрантите кои успеале да влезат во Мелила се пренесени во здравствен центар, каде биле тестирани на коронавирус, а потоа ќе им биде воведен карантин.

Мелила и Сеута, две шпански енклави во Северна Африка, ги имаат единствените копнени граници на Европската унија со Африка, што ги прави популарни влезни точки за мигрантите кои бараат подобар живот во Европа.

Но, иако вкупниот број мигранти кои пристигнале во Шпанија се зголеми минатата година, бројот на луѓе кои ја преминуваат копнената граница во Сеута и Мелила е намален за 72 отсто во споредба со 2019 година на 1.755 лица, според шпанското Министерство за внатрешни работи.

Во првите два месеца од 2021 година, на двете територии влегле вкупно 389 мигранти, наспроти 969 во истиот период минатата година.

Последен пат граничната ограда од страна на мигрантите е пробиена во јануари, кога речиси 90 мигранти влегоа во Мелила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот