Десетици илјади на протести во Хабаровск за поддршка на гувернер уапсен минатата недела (ВИДЕО)

Десетици илјади луѓе се собраа денеска на протести во рускиот град Хабаровск, на Далечниот Исток за поддршка на гувернерот кој беше уапсен минатата недела.

Сергеј Фургал беше уапсен минатата недела под обвинение дека наредил убиства на бизнисмени пред 15 години. Неговото апсење предизвика невидени демонстрации во Кабаровск, град со околу 600.000 жители што се наоѓа во близина на границата со Кина, како и во помали градови во близина.

Фургал (50) ги негираше обвиненијата, за кои неговите приврзаници велат дека се политички мотивирани.

Фургал, од националистичката партија ЛДПР, го победи претставникот на  Обединета Русија во 2018 година во изборите за гувернерското место.

Десетици илјади, меѓу кои и млади луѓе, стари лица и жени со деца во колички денеска маршираа низ центарот на Кабаровск.

Тие носеа плакати на кои пишуваше „Слобода за Фургал!” и извикуваа „Се додека сме обединети, ние сме непобедливи”.

Демонстрантите повикаа на „фер судење” за гувернерот, а не во Москва, каде е пренесен гувернерот по неговото апсење.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот