Десетици роднини на повредените во пожарот се пред ГОБ „8 Септември“ во Скопје

Десетици роднини на повредените во пожарот што ноќеска изби во дискотеката „Пулс“ во Кочани се наоѓаат пред градската болница во Скопје „8 Септември“. Амбулантни возила постојано транспортираат повредени, а предмалку во правец на болницата се упати хеликоптер.

Дел од присутните не знаат дали нивните блиски се во оваа болница или на друго место. Неодамна министерот за здравство Арбен Таравари испрати допис до болниците од внатрешноста да не испраќаат пациенти во КАРИЛ зашто се реновира, по што ГОБ 8 Септември и градската болница во Скопје „Св. Наум Охриски“ го презедоа товарот. Трагедијата која се случи ноќеска вклучува стотина повредени лица, од кои 30 се во кочанската болница, 60 се препратени во Штипската клиничка болница, а потоа дел од нив се препраќани во Скопје.

Се работи за претежно млади лица кои ноќеска биле на концерт на групата ДНК. Избил пожар во дискотеката со 1.500 присутни. Се споменува бројка од над 50 загинати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот