Десетици илајди имигранти чекаат на јужната граница на САД да заврши пандемиската забрана за азил

Илјадници мигранти од Хаити тргнаа кон САД/ Фото: EPA-EFE/Miguel Sierra

Десетици илјади имиранти се имаат насобрано на делови од границата на САД со Мексико и од изутринава се надеваат на укинување на Статија 42 од итната здравствена наредба која не дозволуваше да се бара азил во САД.

Според наредбата, потпишана од поранешниот претседател Доналд Трамп во март 2020 година, пограничните служби можеа да депортираат имигранти во Мексико и во други земји.

Белата куќа вчера се обрати писмено до Врховниот суд на САД со молба да се укинат овие ограничувања до Божиќ, откако претседателот на Врховниот суд, Џон Робертс, издаде привремена одлука ограничувањата, воведени за време на пандемијата, да останат во сила. Пред Робертс да ја поднесе одлуката, рокот на ограничувањата требаше да истече денеска.

Поради тоа, од синоќа на полноќ големи групи имигранти започнаа да се собираат крај реката Рио Гранде во Ел Пасо, каде е стационирана Националната гарда на Тексас. Безбедносните служби ги наведуваа луѓето да ги поминат портите на бодликавите жици , за да се регистрираат групите.

На спротивната страна, во мексиканскиот град Хуарес, стотици имигранти чекаа во ред надевајќи се дека ограничувањата ќе бидат укинати.

Во Тихуана, мексикански град на тухоокеанскиот брег, каде околу 5.000 имигранти живеат во над 30 прибежишта, а многумина рентаат соби и станови, синоќа бше тивко, по гласините дека ништо не е променето со законот, јавуваат американските медиуми. Таму се поставени огради од повеќе редови високи 9 метри, што се долж границата со Сан Диего, со што овој дел од пограничната зона е опасен и непристапен за незаконско премеување.

Од март 2020 година досега од САД беа протерани 2.5 милиони нелегални имигранти, а голем дел од барањата за азил беа одбиеани, врз основа заснована на заштита од ширење на Ковид-19, според Статија 42.

Моментално се водат натегања меѓу судската и извршната власт ограничувањето да биде укинато бидејќи, како што вели Администрацијата на Бајден во соопштението до Врховниот суд, „тоа не е решение на проблемот со имиграцијата и не може да биде продолжувано до недоглед, бидејќи опасностите по јавното здравство се надминати”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот