Десетици грчки хуманитарци обвинети за шпионажа, им се закануваат затворски казни

Мигранти од Сирија
Мигранти од Сирија на грчко-турската граница / Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Десетици хуманитарни активисти, кои биле вклучени во спасување мигранти и бегалци, вклучувајќи и еден сириски бегалец, во четвртокот треба да се појават пред грчки суд под обвинение за шпионажа и откривање државни тајни, што критичарите го нарекуваат „фарса“ и „политички мотивиран“ процес.

Дваесет и четворица соработници на организацијата за спасување бегалци „Emergency Response International” (ERCI), која од 2016 до 2018 година работеше на островот Лезбос, се соочуваат со затворска казна до осум години.

Тие се обвинети и за трговија со луѓе, припадност кон криминална група и перење пари, за што може да добијат затворска казна до 25 години.

Директорот на Амнести интернешнал за Европа, Нилс Муижниекс, изјави дека овие наводи во обвинутелниот акт се фарса.

– Овој случај докажува колку далеку се подготвени да одат грчките власти за да ги одвратат луѓето да им помагаат на бегалците и мигрантите, рече тој.

Хјуман рајтс воч оцени дека судењето е „политички мотивирано“.

Извор: МИА

Видео на денот