Десетгодишно момче од САД умрело за да ја спаси својата сестра: Скокнал во заледено езеро по неа, но само таа се извлекла

Фото: Go fund me

Десетгодишното момче Бенџамин Лукет се удавило откако скокнало во заледено езеро да ја спаси својата шестгодишна сестра Ебигејл која пропаднала низ мразот во водата. Сето ова се случило во Тенеси, за време на рекордно ладните температури кои го зафатија југот на САД.

Девојчето, Бенџамин и нивниот брат си играле во близина на заледеното езеро кое се наоѓа покрај нивната куќа во Милингтон, во округот Шелби. Несреќата се случила во неделата, кога девојчето пропаднало низ мразот во ледената вода. Бенџамин скокнал за да ја спаси својата помлада сестра, но не можеле да се извлечат од водата.

Другиот брат притрчал на помош, а нивниот татко, Роберт Лукет, успеал да ја извлече Ебигејл, но не успеал да стигне до Бенџамин, рекол свештеникот Стејси Стилгенбауер за „wreg.com“.

Пожарникарите од округот Шелби побрзале да пристигнат на местото на несреќата и го извлекле Бенџамин од водата. Децата биле префрлени во блиската детска болница, каде било потврдено дека Бенџамин починал.

– Пожарникарите го објаснија тоа најдобро, Бенџамин се обидел да ја држи сестра си над водата. Тоа е неверојатна жртва која тој ја презел за да ја спаси својата помала сестра, рекол свештеникот.

Ебигејл моментално закрепнува во болница и според зборовите на свештеникот Стилгенбауер изгледа дека ќе биде добро откако ќе биде исклучена од респиратор. Фамилија

Семеен пријател основал „GoFundMe“ страница за да помогне во покривање на трошоците за погреб.

Извор: Србијаданас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот