Десетгодишно дете почина откако беше искасано од куче

Во парк со приколки во Корнвол денеска се случила страшна случка, откако момче (10 години) до смрт било искасано од куче.

Полицијата беше повикана утрово во паркот но, момчето не реагирало. Тоа починало на самото место, по што полицијата започнала потрага по кучето и сопственикот.

Подоцна била уапсена 28-годишна жена под сомневање дека го оставила опасното куче без контрола.

Полицајците велат дека кучето било пронајдено и однесено кај одгледувачи. Детали за семејството не се соопштуваат, освен дека родителите биле гости во паркот со своите две деца, каде имале поставени камп приколка. Паркот со приколки во Корнвол постои повеќе од 40 години , а до сега немало ваков тежок инцидент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот