Десет возила и 22 пожарникари во битка со пожарот кај Катланово

Фото: Слободен печат

Десет возила и 22 пожарникари засега се вклучени во гаснењето на пожарот кај Катланово. На терен е испратено и едно возило од рафинеријата „ОКТА”, да им помогне на пожарникарите.

Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, со пожарот чие гаснење ќе продолжи во текот на ноќта, е зафатена голема површина, но не може да се процени точно колку зашто е темно и видливоста е намалена.

-Засега сме на терен 22-ца пожарникари со десет возила. Продолжуваме со гаснење и во текот на ноќта. Зафатена е голема површина која се шири нагоре, кон боровата шума, но сметаме дека стихијата нема да ги зафати викенд-куќите, рече Симоновски.

Пожарот избувна пред речиси два часа, а од страна на скопската Пожарна беше лоциран над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје. Се интервенираше веднаш, најпрво со две, а потоа со вкупно седум пожарникарски возила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот