Десет пожари се активни во Турција, три од нив се во Анталија

Фото: Миа

Турските пожарникари трет ден се борат со шумските пожари. Десет пожари се уште се активни, вклучително и три во реонот на летувалиштето Анталија.

Од 98 пожари што избувнаа во средата во различни региони, 88 се ставени под контрола.

Гаснењето на огнот на брегот на Средоземно Море е отежнато од силните ветрови. Голем број региони и хотели се евакуирани, а туристите се однесени на безбедно место.

Во пожарите досега загинаа четири лица.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска подрачјата зафатени со шумски пожари ги прогласи за „зони на катастрофи”.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со Ердоган потврди дека Москва ќе продолжи да дава сеопфатна помош за Анкара во гаснењето на шумските пожари.

Во соопштението од Кремљ се наведува дека во телефонскиот разговор била потенцирана „важноста на соработката помеѓу двете земјите во борбата против природните катастрофи”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот