Десет нови случаи на ковид -19 во Делчево

Делчево/ Фото: МИА

Во градовите од опкружувањето нови случаи со Ковид-19, вкупно шест, денеска се регистириани и во Берово.

Со десет нови случаи на Ковид-19, Делчево денеска се најде меѓу градовите со најмногу заболени од коронавирус. Новите случаи како што информираа од делчевскиот здравствен дом се резултат на претходните тестирања и веќе познатите кластери.
-Освен 10 позитивни на Ковид-19 од направените тестирања имаме и голем број негативни тестови. Се тестираат лица кои имале контакт со претходно заболените. Тие тестирања продолжуваат и во деновите кои следат, истакнаа од Здравствениот дом во Делчево.
Додадоа дека веќе почнаа да опоравуваат и пациентите кои беа меѓу првите позитивни на Ковид-19.
-Денеска имаме тројца такви пациенти, вчера еден пациент излезе од болница, така што се надеваме дека бројката на ваквите пациенти ќе расте и сите успешно ќе го пребродат вирусот, додадоа од установата.
Во градовите од опкружувањето нови случаи со Ковид-19, вкупно шест, денеска се регистириани и во Берово. Со денешната бројка, активни на коронавирус во моментот во Пијанечко-малешевскиот регион се 110 пациенти од кои 48 во Берово,  39 во Делчево, 12 во Пехчево и 11 во М.Каменица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот