Десет мигранти пронајдени во напуштено возило кај селските гробишта во с. Ваксинце

Македонска полиција/ Фото: Миа

На 01.08.2020 околу 23,50 часот на локален пат с.Слупчане-с.Ваксинце, полициски службеници од Полициска станица Белановце се обиделе да запрат патничко моторно возило „рено лагуна“ со скопски регистарски ознаки, кое не застанало.

Од полициски службеници пред влез на с.Ваксинце, кај селските гробишта било пронајдено возилото, при што возачот го напуштил местото на настанот, а во возилото биле пронајдени 10 лица-мигранти од Пакистан, Сирија и Бангладеш.

Мигрантите се сместени во Транзитен центар Табановце за понатамошна постапка и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот