Десет лекции на кои нѐ научи Џеки Кенеди: Црвениот кармин бил нејзин омилен моден додаток!

Instagram
Instagram

Носела ракавици и шешири (иако велат дека не ѝ се допаѓале), не се плашела од средна должина и црвен кармин, а истовремено изгледала елегантно и воздржано.

Таа немала комплицирани тајни за нега и секогаш била спремна да ги сподели во јавноста.

Еве на што не научи Џеки Кенеди:

1. Третирајте го карминот за уста како моден додаток 

Тешко може да ја замислите првата дама со впечатлива шминка – Жаклин тоа никогаш не го правела. Но, истовремено сакала сјајни кармини, бирајќи ги така да одговараат со нејзините фустани и одела. Нејзините омилени нијанси биле црвена и розова.

2. Спијте на свилена постелнина

профимедиа

Питер Ламас, стилистот кој соработувал со Жаклин изјавил: „Секогаш спиеше на свилени постелнини или ќе заврзеше свилен шал околу глава“. Памучната постелнина навистина влијае на квалитетот квалитетот на косата – таа станува кревка и кршлива, додека свилената постелнина ја оддржува мазна.

3. Исчистете ја добро кожата

Џеки Кенеди постојано патувала низ светот и секако, испробала разни производи за нега на лицето. Но, најмногу од се го сакала сапунот Dead Sea Mud Soap – Erno Laszlo, со кој се миела. Содржи кал од Мртвото море, особено богато со минерали (калциум, магнезиум, калиум), зрнца сол за пилинг на кожата и природни масла. Творецот на брендот е дерматологот Ерно Лазло. Жаклин била негов верен клиент.

4. Пронајдете го својот парфем

Џеки Кенеди сакала мириси, но еден од нејзините фаворити бил Lovely Parchouli 55 House od Krigler. Тоа е сезуална длабока композиција со ноти на амбер и бергамото, кое долго се задржува на кожата. Исто така го носела и парфемот Joy од Jean Patou.

профимедиа

5. Грижете се за веѓите

Жаклин била перфекционистка – особено кога биле во прашање нејзината лична нега и шминка. Посебно била внимателна околу грижата за веѓите – ги нагласувала со моливче, чешлала и поткренувала во благо закривен облик.

6. Носете марами и темни наочари

Идеалната прва дама исто така сакала опуштени викенди кога наместо внимателниот стајлинг можела себе си да си дозволи само свилен шал преку глава (фаворит ѝ биле Hermes). Но, доколку заборавите на шминка – големите темни наочари се тука да ве спасат.

7. Инвестирајте во квалитетна крема за лице

Првата дама била критикувана во јавноста кога се појавила фотографија на која е бремена и седи со цигара. Нејзината кожа патела поради оваа лоша навика, па таа се потпирала на богатите хидратантни креми и неги за лице кои ѝ ја спасувале кожата од дехидрација и лоша боја. Една од нејзините фаворите била кремата за лице Phormula 3-9 Repair Cream од истиот бренд како и сапунот, Erno Laszlo. Таа ја комбинирала кремата со масло за лице.

8. Користете масло за лице

профимедиа

Кенеди на своето лице нанесувала уште еден производ од Erno Laszlo, што и не не чуди што поранешната прва дама била клиент на познатиот дерматолог. Нејзиното омилено масло за лице била раната верзија на Phelityl Pre Cleansing Oil маслото за чистење, кое и денес може да се купи.

9. Користете масло за да ги заштитите врвовите на косата

Косата на Џеки била постојано изложена на сонце, како и третирана со разни производи за стилизирање. Стилистот Питер Ламас ја советувал секојдневно да нанесува масло на краевите од косата поради дополнителна заштита и хидратација.

10. Убав тен

Со години, Жаклин на кожата имала флеки и пеѓи од сонцето – тоа било резултат на честите одмори во Франција и Грчка. За да го сокрие нееднаквиот тен, Жаклин користела лесни течни пудри кои само малку ги прекривале несовршеностите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот