Десет години од бродската несреќа на Охридското Езеро

Точно десет години се навршуваат денеска од бродската несреќа што се случи на Охридското Езеро, кога при потонувањето на бродот „Илинден” животот го загубија 15 туристи од Република Бугарија.

На поменот пред паметникот на Кејот на езерото поставен во знак на сеќавање на настраданите најавено е присуство на делегации на Општина Охрид, на бугарските дипломатски и културни претставништва во земјата, на Капетанијата на пристаништа, на Здружението на граѓани „5 септември” и на граѓани.

Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден” што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум. „Илинден” се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец”.

Осум од жртвите беа жители на Општина Антон, четворица од Општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот