Десет брилијантни писатели на кои им била ускратена Нобеловата награда!

На оваа листа се наоѓаат имиња на 10 писатели кои заслужиле да ја добијат Нобеловата награда за својот допринес во книжевноста, но поради одредени причини не ја добиле, пишува весникот „Verse“.

Хорхе Луис Борхес (1899-1986)

Името на Борхес било размислувано за Нобелова награда добри 20 години, дури и неколку пати бил во многу тесна конкуренција да ја добие, меѓутоа Комитетот за доделување на Нобеловата награда одлучил да не го додели ова признание на Борхес поради поддршката која ја пружал на десничарски настроените диктатори, како Пиночe. Од друга страна пак, не му било тешко на Комитетот да додели награда на оние кои ги поддржувале левичарските диктатори како Сталин. Дали Пиноче бил полош од Сталин?

Борхес ги напишал најголемите надреалистички книжевни дела до денес и бил добитник на првата меѓународна Пулицерова награда. Изгледа дека политиката не е добра за расправија, пренесува „Laguna“.

Владимир Набоков (1899-1977)

инстаграм

Набоков е еден од најголемите писатели на кого англискиот не му е мајчин јазик, а неговиот најпознат и воедно најдобар роман, секако е „Lolita“. Напишал уште многу прекрасни дела од областа на фикцијата и критиката, а преведувал и поезија. Бил номиниран во 1974 година заедно со Грејам Грин (не актерот) и загубил во корист на Ејвинд Џонсон и Хери Мортинсон, кои таа година ја добиле наградата. Едниот од нив бил Швеѓанин и двајцата во тоа време биле членови на Нобеловиот комитет.

В. Х. Оден (1907-1973)

Один е еден од најголемите поети на 20 век. Добил Пулицерова награда, Американска книжевна награда, имал исклучително влијание на сите поети кои дошле после него, а особено оние од англиското јазично подрачје. Се верува дека комитетот го одбил поради лошиот превод на книгата добитник на Нобелова награда за мир, на Даг Хамаршелд, и поради таа причина што сугерирал дека Хамаршелд е хомосексуалец како него.

Роберт Фрост (1874-1963)

инстаграм

Апсолутно најголемиот американски поет на 20-от век, бард на американскиот североисток. Освоил Пулицерови награди, доделени му биле 40 почесни докторати, помеѓу останатото и од Харвард, Оксфорд, Кембриџ и Принстон. Постои само уште еден писател кој има освоено четири Пулицерови за книжевност, а тоа е Јуџин Онил, кој освоил и Нобелова награда. Фрост неговата четврта Пулицерова награда ја добил 20 години пред неговата смрт. Комитетот за доделување на Нобеловата награда успеал да го игнорира толку долго.

Емил Зола (1840-1902)

Емил Зола е најголемиот пример на француската школа за книжевен натурализам. Напишал преку 20 романи и било кој од нив и денес би можел да освои Пулицерова награда без конкуренција. Неговите две шанси да ја освои биле упропастени поради истата причина како и следниот писател на оваа листа.

Хенрик Ибзен (1826-1906)

Хенрик Ибзен е еден од најголемите норвешки писатели и еден од најдобрите модерни драмски писатели. Шест пати имал можност да добие Нобелова награда, со оглед на тоа дека доделбата на оваа награда започнала во 1901 година, но ја изгубил поради толкувањето на условите за квалификација утврдени од Алфред Нобел во неговиот тестамент. Тој сакал добитниците на наградата да бидат оние чии лик и дело зрачат со „возвишеност и здравје“. Ибзен, таткото на модерната книжевна драма, очигледно не го водел книжевниот свет во идеален правец.

инстаграм

Марсел Пруст (1871-1922)

Марсел Пруст е автор на најмонументалното дело на фикција во 20 век „Remembrance of Things Past“. Овој негов роман, кој се состои од 7 томови е едно од првите, ако не и првото дело во  дело во кое се користи протокот на свеста како литературен начин. Сепак, во 1920 година наградата му била доделена на Кнут Хамсун (Норвежанин, кои на Швеѓаните им биле поблиски од Французите) за неговото монументално дело „Growth of the Soil“. Кое дело денес луѓето повеќе го читаат? Токму така! „Remembrance of Things Past“.

Џејмс Џојс (1882-1941)

Ова е најголемиот ирски писател, освен Јејтс кој ја добил Нобеловата награда. Џојс е исто така најголемиот писател на книжевниот правец под назив проток на свеста во историската фикција. Тој практично е изумител на современата идеја за шпекулативна фикција со неговото последно дело „Finnegans Wake“, кое практично е невозможно да го прочитате. Тој го сметал за свое најдобро дело, но многу е попознат по делата како што се „Ulysses“, „Dubliners“ и „A portret of the Artist as a young man“.

Лав Толстој (1828-1910)

инстаграм

Неговото дело е најдобар пример за книжевниот реализам во историјата на книжевноста, а Толстој е веројатно најдобриот романописец во историјата. Неговите две титански дела „War and Peace“ и „Anna Karenina“ биле сосема доволни да му обезбедат награда на Кнут Хамсун. Толстој да бил роден малку поблиску до Шведска, сигурно Комитетот би бил спремен малку послободно да го протолкува својот сомнителен превод на Нобеловиот тестамент. Очигледно, Комитетот не го сметал Лав Толстој за човек кој го води модерниот книжевен свет во „идеален правец“.

Марк Твен (1835-1910)

Марк Твен бил творец на американскиот роман, автор на романот „Tom Sawyer“ и „Huckleberry Finn“, но и еден од најголемите романописци, хумористи, критичари и автори воопшто. Како и Толстој, имал 10 можности да ја освои оваа награда, меѓутоа бил прескокнат во корист на следните 11 писатели: Сили Придом, Теодор Момзен, Бјернстјерне Бјернсон, Фредерик Мистрал и Хозе Ечеграј и Еизагире (двајцата добитници на наградата во 1904 година), Хенрик Сјенќевиќ, Џозуе Кардучи, Радџард Киплинг, Рудолф Кристоф Ојкен, Селма Лагерлоф и Паул Хајзе.

инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот