Десерт во среда: Домашни тартуфи од чоколадо

тартуфи
Фото: Unsplash

Ви се јаде нешто слатко, но да e лесно за овие топли денови? Овој брз десерт ќе ве освои со вкусот, но и со леснотијата за подготовка. А што е најважно, се приготвува од само три состојки.

Состојки:
– 200 г црно чоколадо
– 100 г слатка павлака
– 1 лажичка ванила арома
– какао, кокос, чоколадни трошки (по желба)

Подготовка:

Во сад на пареа ставете ја слатката павлака, додајте го чоколадото и мешајте да се стопи. Додајте ја аромата од ванила и мешајте да се распоредат состојките. Потоа ставете го садот во фрижидер да стои еден час, додека се стегне. Со лажичка земајте од смесата и формирајте топчиња, односно чоколадни тартуфи. Потоа ставете ги повторно во фрижидер уште половина час. Извадете ги и валкајте ги во какао или ако сакате во чоколадни трошки, кокос…

Видео на денот