Десерт што го јаделе на Титаник: Пудинг за сладокусци – Слободен печат
ЕспресоХрана

Десерт што го јаделе на Титаник: Пудинг за сладокусци

Уживајте во овој старински рецепт кој бил популарен уште на прочуениот брод.

Состојки:
2 кисели јаболки
4 жолчки
500 мл млеко
1 лажичка ѓумбир
80 гр суво грозје
160 гр шеќер
1 лимон
1 лажичка путер
1 ванила

Подготовка:
Јаболките излупете ги и исечете ги на парчиња. Додајте го сувото грозје, сокот од лимон и ѓумбирот.
Во тава на растопен путер кратко пропржете ги јаболката, сувото грозје и двете лажички шеќер. Ставете ја содржината во поголем длабок сад.
Сварете го млекото и остатокот од шеќерот. Кога шеќерот ќе се растопи тргнете го од шпоретот.
Матејќи со миксер во сад со млеко додајте ги жолчките и екстрактот од ванила. Со оваа смеса прелејте ги јаболката и сувото грозје, па печете 40 минути на 200 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close