Десерт од вода: Не содржи брашно, шеќер, јајца и ниту една состојка за подготовка на слатки!

Profimedia
Profimedia

Што велите да за засладување со еден проѕирен десерт кој наликува на капка дожд. Овој необичен десерт се топи по само 30 минути од подготовката и затоа треба да го изедете веднаш штом го извадите од ладилник.

Трендот за подготовката на овој десерт расте, а особено поради фактот што не содржи брашно, шеќер, јајца и маснотии. Оригиналното име му е  „водена торта“ или „Мизу Шинген Моши“.

Направен е од две состојки: хербална основа што се претвора во гел, агар – агар и обична вода.

За четири порции зовријте 500 мл вода со 8 грама агар – агар и сервирајте ја желатинираната и оладена маса на четири мали кружни форми во чинии кои треба да се остават да отстојат во фрижидер неколку часа. Потоа сè што треба да направите е да ги сервирате и да ги изедете за максимум 30 минути.

Поради неутралниот вкус се препорачува десертот да се прелие со сладок прелив по избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот