Десерт без јајца и брашно

Состојки:

2 литри вода

600 грама гриз

300 грама шеќер

1 ванилин шеќер

200 грама кокос

2 лажици какао во прав

Доколку сакате да добиете побогат вкус, можете да додадете и малини, јагоди, банани или мармалад.

Подготовка:

Ставете ја водата да зоврие, а потоа во неа додајте го потребното количество гриз. Кога гризот ќе се свари, поделете го на два дела. Во едниот дел ставете го кокосот, а во вториот дел додајте го какаото.

Убаво измешајте ги двата дела од колачот одделно.

Во сад, префрлете го едниот дел од колачот и убаво израмнете го. Доколку сакате, можете врз него да ставите овошје или мармалад. Потоа, додајте го и вториот дел и убаво израмнете. Одозгора можете повторно да ставите овошје или да намачкате мармалад.

Вака подготвениот десерт, ставете го да отстои во фрижидер околу два часа, а потоа сервирајте го.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот