Дерменџиев: Има зголемен мигрантски интерес кон Бугарија

Фото: EPA-EFE/TOLGA BOZOGLU

Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев ја посети бугарско-турската граница во реонот на градот Елхово, јави дописникот на МИА од Софија. Според Дерменџиев, се зголемува притисокот на бегалците на бугарско-турската граница.

Мигрантскиот притисок на бугарско-турската граница е засилен, се очекува тој да расте и Бугарија е подготвена да му се спротивстави, рече Демерџиев. Според него, за истиот период лани миграцискиот притисок кон Бугарија е зголемен за близу 6 пати, а во однос на јули за околу 24%. Во првите седум месеци од оваа година имало повеќе од 60.000 обиди за преминување на границата, главно бегалци од Сирија и Блискиот Исток.

Расположливите гранични сили на Бугарија се справуваат, рече и Дерменџиев, распоредени се околу 860 лица од внатрешноста на државата – полициски сили кои и помагаат на Граничната полиција. Сликата секојдневно внимателно се следи и доколку има промена, Бугарија е подготвена да реагира со дополнителни сили и со промена на организацијата, рече министерот Дерменџиев. До денес не се потребни дополнителни делови, но доколку дојде до промена веднаш ќе реагираме.

Според него, оградата на бугарско-турската граница е во добра состојба, а функционална е и техничката опрема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот