Дерматолозите тврдат: Кожниот лупус не бара посебни кремови, важно е да не се изложувате на сонце

instagram

Повеќето пациенти што страдаат од лупус на кожата, можат да користат конвенционална козметика, особено врз основа на алое вера, сè додека се чуваат од сончевите зраци, тврдат дерматолозите.

Производите за секојдневна нега и хигиена нема да имаат негативен ефект врз кожата, но УВ-заштитата на дневна светлина во секој момент е неопходна.

Може да се користи козметика врз природна база, но треба да се избегнува прекумерна изложеност на сонце бидејќи ултравиолетовата светлина е една од главните двигатели на воспалението.

Осипот се лекува со антиинфламаторни кремови и масти. Важно е лезиите да бидат чисти, за да се минимизира можноста за секундарна инфекција на кожата.

Секогаш кога е можно, лупусот на кожата треба да се сфати само како козметички проблем, кој не бара посебен третман.

Тоа значи дека треба да се третира со површни препарати со кои е можно да се постигнат камуфлажни промени.

Дерматолозите потсетуваат дека повеќето луѓе што боледуваат од лупус имаат проблем со некој вид кожни проблеми во текот на траењето на болеста.

Еден од препознатливите знаци на лупусот е настанувањето на осип на лицето. Црвенилото ги покрива носот и образите и често поприма облик на пеперутка. Ако само кожата е зафатена од овој проблем, состојбата се нарекува лупус дерматитис или кожен лупус еритематозус, додека системскиот лупус мора да се лекува на поинаков начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот