ДЕРМАТОЛОЗИТЕ СЕ СОГЛАСИЈА: Ова ѝ се случува на кожата кога внесувате премногу шеќер

Сè што ќе внесете преку храната, влијае и врз изгледот на вашата кожа.

Таа открива многу за нашите навики, вклучително и прехранбените. Најголем непријател на здравиот тен е рафинираниот шеќер и јаглехидратите од грицките, брзата храна и десертите.

Шеќерите се „врзуваат“ за колагенот и еластинот и создаваат процес наречен гликација, а чија последица се воспаленија, недостаток на колаген и појава на брчки.

Исто така, се насобираат и масти во сврзното ткиво и тоа го губи квалитетот. За да се подобри квалитетот на кожата, во исхраната треба да бидат застапени овошје, зеленчук, житарици, јатки, семиња, мешунки, риба, посно месо и нискомаслени млечни производи.

Минерали кои треба да ги внесуваме се и калциумот, железото, магнезиумот, натриумот, калиумот, манганот и цинкот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот