Дерковски: Го чекаме да дојде гласачот со пиштолот

фото Архива

Го чекаме револтираниот гласач од Гостивар да дојде со пиштол, реагира претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски, откако во медиумите беше објавено видео во кое гласач отворено се заканува на ДИК на трибина организирана во рамки на кампањата за претседателските избори на кандидатот Стево Пендаровски.

– Што да кажам. Го чекаме да дојде револтираниот гласач со пиштол. Ова секако не е нормална реакција на гласач, без разлика каков проблем постои. И досега сме имале закани, но првпат се толку сериозни. Очекуваме Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство итно да постапат по овој случај – вели Дерковски во изјава за „Слободен печат“.

Тој потенцира дека загрижува тоа што Пендаровски го поддржува гласачот.

– Му вели оди, оди, како тоа да го сфатиме. Мора претседателските кандидати да внимават што зборуваат на митинизите – објаснува претседателот на ДИК.

Реакцијата на гостиварецот погледнете ја на овој линк.

Видео на денот