Деркоски: Очекувам навремена одлука за парламентарните избори

ДИК ги потврди останатите 14 листи за парламентарните избори.

– Се надевам дека надлежните навреме ќе донесат одлука која што ќе не упати како да постапуваме понатаму. Се дотогаш ДИК ќе си ја извршува својата работа, изјави денеска претседателот на ДИК Оливер Деркоски по кусата седница на која беа потврдени и кандидатските листи на Партија Твоја за три изборни единици.

– Утврдени се 15 листи за наредните вонредни или не знаеме какви ќе бидат наредните параментарни избори. Се надевам дека надлежните навреме ќе донесат одлука која што ќе не упати како да постапуваме понатаму, а се до тој момент ДИК колку и да се допаѓало некому или не, ќе си ги извршува своите законски овластувања, истакна Деркоски.

Партија Твоја во законскиот рок достави кандидатски листи за три изборни единици и тоа за Првата, чиј носител е Мирјана Најческа, за Втората каде носител е Ѓорѓе Марјановиќ и во Петата, чиј носител е Илија Тодоровски. Редниот број на овие кандидатски листи на изборното ливче е 15, согласно заклучокот од вчера на ДИК.

ДИК веќе ги потврди останатите 14 листи за парламентарните избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот