Дербито во Премиер лигата не може да помине без коментар од Мурињо

Ливерпул по триумфот од 3:1 над Манчестер сити сигурно чекори кон освојување на титулата во Премиер лигата. По 12 кола, Ливерпул има дури 11 победи и само едно реми за вкупно 34 бодови, осум повеќе од Лестер и Челси и девет од шампионот Манчестер сити кој е четврти на табелата.

Многумина сметаат дека со денешната победа, „црвените“ сигурно чекорат кон освојување на титулата иако има да се одиграат уште 26 кола. Еден од тие кои мислат дека трката за титулата е решена е и Жозе Мурињо кој работи како стручен аналитичар за Скај спортс и веднаш по натпреварот изјави:

– Мислам дека трката е решена. Освен доколку не се случи нешто драматилно со повреди на фудбалери кои значајно ќе го ослабат тимот на Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот